Во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреса на пет училишта во Скопје била упатена закана за поставена бомба.



Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористичкки проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за „Независен“.

Според неофицијални информации, во една скопска гимназија, директорот ги известил сите одделенија кои се втора смена, да не доаѓаат во училиште, додека учениците од прва смена се евакуирани.