Пет милиони заразени со корона во САД

Соединетите држави во саботата поставија неславен рекорд за бројот на случаи на коронавирус, бидејќи биле заразени повеќе од пет милиони граѓани, пренесува Ројтерс.
Според анализата на Ројтерс, заразен е секој 66-ти жител на Соединетите држави.
Во исто време, повеќе од 160.000 луѓе починале, што е речиси една четвртина од сите смртни случаи во светот.