Пет месеци затвор за Турчинот што вчера влезе на грчка територија

Со пет месеци затвор,условно три години, парична казна од 1.500 евра, судски трошоци и конфискација на багерот со кој работел е казнет турски државјанин кој вчера илегално влегол на грчка територија, јави грчкиот сервис на Си-ен-ен.



Уапсениот е општински службеник во Едрене и извршувал градежни работи во близина на границата при што со багерот влегол во грчка територија.

„Катимерини“ пишува дека турскиот државјанин рекол дека додека бил на багерот не го слушнал и не го разбрал предупредувањето од грчките граничари дека може да навлезе во грчка територија.

Тој ќе остане во притвор во Грција додека не бие депортиран.