По направени 776 тестирања, во последните 24 часа регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-13, Дебар-1, Штип-3, Тетово- 19, Струга-1, Велес-1, Битола-2, Охрид-1, Гостивар-1, Ресен-2.
Починаа се 5 лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар, соопшти Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.106, бројката на оздравени пациенти е 1926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2942.





