На 8 март 2014 година, авион „боинг“ на „Малезија ерлајнс“, на летот MH370 од Куала Лумпур до Пекинг никогаш не пристигна на планираната дстинација.
Пет години подоцна, исчезнувањето на авионот со 239 патници останува една од најголемите мистерии на модерната авијација.
По години обемни истражувања, властите вклучени во истрагите нем можат да објаснат што се случи со авионот кој 40 минути по полетувањето, од непознати причини го промени курсот и почна да лета кон Јужниот дел на Индискиот Океан.
Истражувачите користеа сателитски податоци за да го следат преостанатото „патување“ на „Боингот“ со 239 патници од кои најголемит дел кинески државјани. Она што најмногу можеше да се „лоцира“ беше една поширока област – од Австралија на исток до Африка на запад каде можеби исчезна авионот.
Во 2015 година, остатоци, за кои наводно беше потврдено дека припаѓале на „боингот“ испливаа на бреговите на Источна Африка. Експертите, заклучиле дека авионот можеби се урнал во јужниот дел на Индискиот Океан, близу до Западна Австралија, а океанските струи ги одвлекле остатоците во Африка.
За причините зошто авионот 40 минути по полетувањето исчезнал од радарите без никаков повик за помош име повеќе теории: од можноста дека имало некоја штета или пожар што го принудил пилотот да го промени курсот и да бара место за присилно слетување до киднапирање, терористички напад па дури и самоубиство на пилотот 53-годишниот Захари Шах.
Никој се уште не може да ја отфрли можноста за киднапирање од страна на патник или член на екипажот. Патници имаше многу, исто како и можни мотиви.
Меѓу 277-те патници имало двајца ирански патници со лажни пасоши (италијански и австриски). Сепак, се покаж дека е многу веројатно дека биле мигранти отколку киднапери.
Сите 10 членови на екипажот имаа семејства со деца, па затоа е малку веројатно дека тие биле киднапери.
Во почетокот на 2017 година, Малезија, Кина и Австралија ставија крај на двегодишно истражување во јужниот дел на Индискиот Океан за што беа потрошени 144 милиони долари, бидејќи не беше пронајдена трага од авионот.
И мисијата на истражувачката компанија „Американ инфинити“ заврши на истиот начин во мај 2018 година.
Малезиската влада не ја отфрли можноста за повторно отворање на истарагата во момент кога ќе има нови важни факти. Дотогаш, роднините на жртвите ќе живеат со истото прашање: што се случило со нивните најблиски од кои никогаш не успеаајал да се збогуваат.





