Според Министерството за надворешни работи на Бугарија македонската страна изразила подготвеност во најкратки рокови Скопје да потврди пред ОН дека името РСМ не го означува географскиот регион Северна Македонија, кој се наоѓа во Бугарија.
Второ барање е Македонија да запре со малцинските претензиии кон Бугарија потврдувајки дека нема историски ,етнички и други основи да бара малцински статус на било која група на луге кои не се нејзини граѓани на територијата на Република Бугарија. Ова би било во согласност со клаузулата за немешање во внатрешните работи на Бугарија, утврдена во чл. 11 ст. 5 од договорот од 2017 година.
Трето, Македонија да почне процес на рехабилитација на жртвите од југословенскиот комунузам репресирани на нејзина територија поради бугарските чуства.
Во четвртата точка преземна била обврска Македонија со Бугарија да ја адаптира содржината на наставните програми со цел објективно да се прикаже заедничката историја, како централен елемент во преамбулата на договорот за добросодество.
И петто, заедничко идетификување и отстранување на таблите и натписите на територијата на Македонија кои шират омраза кон Бугарија и Бугарите, се наведува во објавата на МНР на Бугарија.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во гостување на Канал 5 телевизија, рече дека на средбата во Софија не биле прифатени никакви обврски во врска со наводите на бугарското МНР.







