Песков: Руски гас само за руски рубљи!?

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков уште еднаш ги повтори заканите дека Русија ќе ја стопира испораката на гас,  доколку земјите членки на ЕУ и другите кои се на листата на “непријателски“ земји не прифатат да го плаќаат испорачаниот гас во рубљи.



„Руските власти и Гаспром сега разговараат за деталите за префрлање на плаќањето на гасот доставен до непријателските земји во рубљи, не се зборува за бесплатни пратки. Фактот дека нема да доставуваме гас бесплатно е недвосмислен. Ова може да се каже со апсолутна сигурност“ – порачува Песков , во изјава која ја пренесува Риа Новости.

Рускиот претседател Путин, на 23 март издаде наредба со која ја задолжи Централната руска банка и Гаспром да ги преземат сите мерки, испораката на гас кон , како што Москва ги нарекува „непријателските земји“ да се наплаќа во рубљи.

Оваа одлука треба да се спроведе до 31 Март.