Западните земји и Киев ја обвинуваат Русија дека подготвува инвазија на Украина, на што портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков ги оцени таквите како неоснована ескалација на тензиите.



Тој нагласи дека Русија не претставува закана за никого.

„Русија никогаш не била прва што нападнала некого“ рече тој .

Песков не ја исклучи можноста од провокации за да се оправдаат ваквите изјави и предупреди дека обидите за насилно решавање на кризата во југоисточна Украина ќе имаат најсериозни последици.

Според него, Москва вложува максимални напори да му помогне на Киев да го реши конфликтот во Донбас, притоа задржувајќи се на договорите од Минск.

Германските власти не ја делат увереноста на САД дека Русија се подготвува да ја нападне Украина, јави ТАСС, повикувајќи се на извори на Ројтерс во германската влада.