Не може да стане ни збор за повлекување на руските војници од Украина пред крајот на годината.
Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како одговор на барањето на украинскиот претседател Русија да ги повлече своите војски од Украина пред Божик.
Тој нагласи дека за да се постигне мир, неопходно е да се земат предвид новите реалности, како што е пристапувањето на нови региони кон Русија.
„Не доаѓа предвид“, рече Песков на прашањето дали Русија ја разгледува можноста да почне да ги повлекува своите војници од Украина пред крајот на годината.
„Украинската страна ќе мора да ги земе предвид реалностите што се појавија неодамна“, истакна тој и додаде: „Овие реалности се производ на политиките што украинското раководство и актуелниот украински режим ги спроведуваат во последните 15, па дури и 20 години“.
„Овие реалности покажуваат дека Русија има нови составни територии. Тие се појавија како резултат на референдумите што се одржаа на овие територии“, посочи Песков.
Според неговите зборови, „без да се земат предвид овие нови реалности, каков било напредок (кон решавање на конфликтот – н.б.) ќе биде невозможен“.
Според Кремљ, предлозите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за „чекори кон мир“ водат кон нови воени дејствија.






