Песков: Русија е подготвена на сите закани од Полска, таа е агресивна земја

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за време на своето секојдневно обраќање до печатот рече дека Русија е подготвена на сите закани од Полска, која ја опиша како агресивна земја и непријатен сосед на Белорусија. Тој рече дека Русија е свесна за тензиите меѓу Варшава и Киев и дека тие ќе растат.



„Тензиите меѓу Киев и другите европски престолнини неизбежно ќе се зголемат“, тврди тој.

Песков рече дека Владимир Путин набргу ќе разговара со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган, но не прецизира конкретен датум, пишува „Гардијан’.

Тој додаде дека ставот на Русија за Црноморскиот договор за жито не е променет и дека Москва ќе се врати на договорот кога западните земји ќе ги исполнат своите ветувања.

Песков сугерира дека Русија ќе ги тужи странските влади доколку им наметнат некаков неочекуван данок на руските компании или ако ги замрзнат руските средства.