Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва планира да избегне цивилни жртви и да се воздржи од напади на големи населби, вклучително и Киев но вели дека урбаната војна неизбежно ќе доведе до голем број цивилни жртви.
„Министерството за одбрана, иако обезбедува максимална безбедност на цивилното население, не ја исклучува можноста да стави под своја целосна контрола големи центри на население, со исклучок на зоните што се користат за хуманитарна евакуација“, рече Песков.
Oва всушност е прво официјално признание од Кремљ дека планира да ги окупира големи градови во Украина.
Портпаролот на Путин, Песков, исто така, рече дека претставниците на САД и ЕУ ја туркаат Русија кон напади на големите украински градови со цел да ја префрлат одговорноста за смртта на цивили на Русија, пренесе Би-би-си.







