Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Москва сака да наметне „неутрален статус“ на Украина, да ја демилитаризира и да ги отстрани „нацистите“ од земјата.



„Времетраењето (на операцијата) ќе биде одредено според нејзините резултати и нејзината оправданост. За тоа ќе одлучи врховниот командант на вооружените сили Владимир Путин – рече Песков на прес конференција откако денеска Русија почна инвазија врз Украина од копно, воздух и море.

Тој тврди дека Москва не сака да ја „окупира Украина“ и дека иднината е „прашање на избор на украинскиот народ“.

„Теоретски, Украина треба да се ослободи и исчисти од нацистите – изјави портпаролот на Кремљ.

Според него, одлуката за напад на Украина „била диктирана од грижата за иднината на Русија, која со недели барала од Западот да вети дека Киев никогаш нема да влезе во НАТО“.

Тој ја спомена „неутрализацијата на воениот потенцијал на Украина“, која „неодамна беше силно зајакната, дури и благодарение на акциите на странските земји“.

Песков исто така рече дека Москва е подготвена да разговаа со украинските лидери за овие барања, доколку тие се „подготвени за дијалог“.

„Направивме се што можеме за да го направиме овој емотивен период што е можно пократок рече тој.