Пешевски: Да се врати смртната казна ако за Бехтел и Енка носиме полоши закони

Адвокатот Драган Пешевски кој беше еден од двајцата предлагачи на законот за амнестија на осудените од 27 април иронично забележува дека ако фирма за гаќи прави надзор на градба на автопат а поради договорот со Бехтел и Енка се носат закони на полошо треба да се размисли за враќање на смртната казна.



,,Фирма за гаќи ни нареди да смениме закон за работни односи и да донесеме закон за експлоатација на живи луѓе, доколку не ке им плаќаме арач. Уште као неможе да објавиме што потпишале кретениве бидејќи било класифицирано (мајко мила каква лага)… Ако така па менуваме закони на полошо да ја вратиме и смртната казна во Кривичниот Законик, исклучиво за кривичните дела против буџетот и јавните финансии…, легитимно!!!”, пишува Пешевски малку на шега малку сериозно.