
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска на Фејсбук му одговори на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој од Скопје упати националистички пораки.
Таа му порача дека Македонија нема да биде бугарска.
„Ова е Република Македонија во која живее горд македонски народ, кој зборува на македонски јазик! Македонија никогаш нема да биде бугарска тоа да ти биде јасно и на тебе и на сите политичари во Бугарија! Ако сте нашле слуги и вазали во редовите на СДСМ на кои Македонија не им значи ништо, големото мнозинство на македонски народ Ви го кажа своето пред само неколку месеци одејќи секојдневно по улиците на Скопје. Да имавме Влада, а не слуги Ангел Џамбаски по сите навреди кон Македонија и македонскиот народ ќе имаше забрана за влез во Република Македонија!“, пишува таа.






