Синоќа во полицисѝка станица бил приведен и таткото на Вања Ѓорческа под ѝомнение дека учествувал во киднапирањето на 14 годишното девојче минатиот понеделник.
Телото на 14-годишното девојче беше пронајдено вчера во околината на Скопје.
По Вања се трагаше од понеделникот, кога мајката на пријави дека исчезнала во Дебар Маало одејќи кон училиштето, а полицијата и ЈО вечерва открија дека Вања е убиена околу 10 часот, неполни три часа по исчезнувањето.
За убиството на Вања за тројца е побаран притвор, а еден е во бегство.
Според пишувањата на дел од медиумите, избеганиот осомничен наводно е Љупчо Палевски-Палчо, лидер на партијата Трета, кој бил иницијатор, а целта била да се изнудат пари од семејството на девојчето. Палевски наводно е избеган во Турција.
„Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски денеска во 09:30 часот ќе одржат прес-конференција на која ќе информираат за убиството на 14-годишнината Вања Ѓорчевска. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се откажани најавените работни средби во СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север.“, се вели во поканата за прес-конференцијата.






