Перфидно ,,извинување”, се препознава ли Ковачевски во фразата: корумпиран неспособен премиер што ќе лежи в затвор

Премиерот Димитар Ковачевски од говорницата во прес-центарот на Владата завчера објави перфидно извинување за нападот кон Алфа ТВ и Телма во кое рече дека ако телевизиите што ги нападна се препознале во неговата квалификација тој ќе им се извини. Со други зборови ако Телма и Алфа сами се најдат во неговата етикета и признаат дека се продолжена рака на бизнис со енергенси и политичка партија тој ќе се извини.



Ковачевски мисли дека со тоа меѓу редови се извинил за обвинувањата и невистините за уредувачките политики на телевизиите „Телма“ и „Алфа“ кажани од истата говорница два дена претходно.

Ковачевски најверојатно не разбира дека со перфидното полуизвинување самиот се стави во ситуација секогаш кога нема директно со име и презиме да биде посочуван како криминалец, рекетар, насилник, корумпиран политичар што ќе заврши в затвор, нечесен, актер во семејно насилство, местач на тендери и со други квалификации, нема да може да бара извинување освен ако самиот не се препознае и признае дека е таков.

Очигледно и тие што му го напишале однапред подготвениот одговор за нападот врз Алфа и Телма не антиципирале дека Ковачевски самиот си ископа дупка од која нема да може да излезе додека е премиер но и потоа.

Премиерот имаше подготвено изјава која ја прочита на новинарското прашање, а во која стоеше дека слободата на медиумите и објектиното известување се исклучително важни и потребни во демоктарско општество и развој на демократијата, политичарите треба да обезбедат услови за јакнење на слободата на медиумите, независност во уредувачките политики и непристрасно работење, а новинарите имаат обврска објективно и целосно да ја информираат јавноста.

Ковачевски кажа и дека внимателно ги прочитал реакциите на медиумските здруженија ЗНМ и ССНМ, како и АВМУ.

Пред неколку дена лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој ги обвини „Телма и „Алфа“ дека се „непријатели на Албанците“ ретерираше од ставот и дополни дека станува збор за граѓани кои се јавувале во контактни емисии. Ахмети не смета дека го загрозил интегритетот на новинарството во Македонија ниту пак безбедонста на новинарите и медиумските работници.

Ковачевски се обиде да биде креативен отворајќи проблем за себе затоа што сега сите можат индиректно да го нарекуваат корумпираниот неспособен премиер и криминалец и за тоа да не сносат никаква одговорност.