Во квиз емитуван на почетокот на февруари оваа година Радио Телевизија Србија во играта асоцијации го бара терминот Македонија.
Но двајцата учесници не се асоцираат со термини или ликови кои се карактеристични за Република Македонија туку со поими, настани и имиња кои имаат само индиректна врска со денешна Македонија.
При асоцијацијата, покрај тоа што непотребно се користи зборот Северна за јужниот сосед на Србија, се користат и објекти и локации во Грција или имиња на српски спортисти и јавни личности без да се спомнат македонски топоними или личности.
Во асоцијацијата свесно не се користат Македонци, македонски историски настани или локации од Република Македонија.
Ако сакале уредниците на квизот на РТС лесно можеле до бараниот термин Македонија да дојдат со користење на поими кои ја карактеризираат денешна Македонија или преку имиња како фудбалерите Панчев и Најдовски.
Зошто српската национална телевизија би организирала една ваква перфидна провокација кога тамошните власти под чија контрола е РТС јавно тврдат дека ја почитуваат Македонија не е целосно јасно.
Квизот на РТС се емитувал во денови кога се официјализираше дека македонски кабелски оператор ќе ја пренесува бугарската национална телевизија.
Бучковски договорил емитување на тешка бугарска пропаганда во Македонија (ВИДЕО)






