Пердју до Бугарија за Македонија: Таа е суверена држава и не бидува да ја тормозат или командуваат

Творецот на Охридскиот договор и поранешен американски амбасадор во Бугарија, Џејмс Пердју, во интервју за Бугарското национално радио (БНР) застана во одбрана на Македонија.



Прашан „дали спорот меѓу Софија и Скопје ќе биде голем проблем за Вашингтон? Ќе има ли притисок од ваша страна во одредена насока?“, Пердју одговори:

„Тоа не е толку голем проблем за нас, колку што е разочарување. За мене посебно е разочарување. Уште не сум зборувал со некого од администрацијата на Бајден за овој проблем и не знам каква точно ќе биде нејзината позиција. Но, верувам дека е од интерес на Бугарија да биде поддржувач на каузата на Република Северна Македонија за остварување еврочленство.

Колку и да не му се допаѓа некому, таа е суверена држава и не бидува повеќе да биде тормозена или командувана, откако веќе го реши спорот за името со Грција. На Република Северна Македонија и на Бугарија многу повеќе им прилега да се блиски сојузници, а не да се расправаат за историјата. Дене е поважна иднината, не толку минатото“.