„Демонстрантите покажуваат дека желбата за вистинска демократија останува силна во духот на бугарскиот народ. Голем дел од населението сака легитимна, одговорна, демократска влада, наместо еднопартиско владеење, распространета корупција и прекумерно влијание од олигарсите. Исто така во Бугарија има недостаток на слобода на печатот. Не можете да имате вистинска демократија без слободен, независен, упорен печат, што бара одговорност од службениците“, изјави поранешниот амбасадор на САД во Бугарија, Џејмс Пердју за „Сега“.



Според Пердју „денешната Бугарија е управувана од еден вид лажна демократија како што можре да се види во Русија на Путин“.

„Сегашната политичка елита во Бугарија треба да обрне внимание на прашањата покренати од улиците, наместо да се обидува да ги замолчи или да бега од пораките испратени од демонстрантите“.

Неодамнешната изјава на Амбасадата на САД (во Софија) за улогата на мирните протести во демократијата е одлично резиме на американското гледиште за правото на луѓето да ги искажат своите барања до владата преку демонстрации.

повеќе