е престануваат реакции, повеќето на мајтап, по најавеното зголемување на пензиите кое ќе изнесува 36 за најниските и 63 денари за просечните пензии.
На социјалните мрежи се споделува дури и „упатсво“ што се може да се купи за 36 денари кои навидум изгледаат малку:
– Литар млеко од КАМ маркетите со намалена масленост, а згора на тоа ќе ви вратат еден денар кусур;
– Еден леб и, повторно, добивате кусур;
– Билет за градски автобус во еден правец. Повторно ќе ви остане кусур, за весник на пример;
– Мастики Орбит, ако имате заби, се разбира;
– Килограм шеќер на акција!
– 100 грама кафе, од поефтиното или на кација;
– 675 грама црвени домати. Розевите се поскапи!
– 600 грама краставици;
– 3,5 килограми лубеница и да го поканите и почестите поширокото семејство или комшилукот;
– Еден килограм пиперки и да направите пинџур за два дена, ама за домати ќе треба да се снајдете и т.н.




