Поранешен висок советник на раководството на Пентагон, пензионираниот полковник, Даглас Мекгрегор ги именуваше можните виновници за инцидентите на руските гасоводи „Северен тек“ и „Северен поток-2“.
Според него, нападот можеби го извршиле САД или Велика Британија, пренесе „Фактор“.
„Треба да видиме кои државни структури имале можност да го направат ова. А, тоа е Кралската морнарица и морнарицата на Соединетите држави. Мислам дека тоа е прилично очигледно“, рече Мекгрегор.
Според него, неопходно било да се искористат стотици килограми ТНТ за да се оштетат невообичаено силните цевки на гасоводот.
Мек Грегор укажа и на апсурдноста на обвинувањата против Русија. Тој потсети на високите приходи на Москва од извозот на енергија. Уништувањето на Северните текови е неисплатливо и за Германија, која беше заинтересирана за прилив на руски гас, посочи тој.







