„Планирам да пријавам дека сум ограбена“, изјавила во краткиот телефонски разговор за ТВ Телма пензионерката Лилјана Тодоровска на чија сметка пристигнале 720 илјади евра од ГП Пелистер на Силјан Мицевски, а веднаш по вадењето на пари од банка, кесата со евра ѝ била земена од претставници наневлчадината „Меѓународен сојуз-Скопје“ на Боки 13.
Тодоровска уште во четвртокот преку Телма објави дека парите ѝ биле земени, освен неколку илјади евра за кредит на банката.
Ниту една надлежна институција досега не ја побарала за распит Тодоровска а не ја контактирале ниту од„ Меѓународниот сојуз“ иако ги посочи дека ѝ ги зеле парите веднаш по подигањето во банка.
Поради тоа, пензионерката која добила 720 илјади евра за идејата за центри за возрасни лица ќе пријави грабеж или во полиција или во обвинителството, дознава Телма.





