Пензионерите со сметки во Еуростадард банка ќе почекаат за пензиите

Околу 20 илјади пензионери кои имаа сметки во Еуростандард банка нема да примат на време пензијас.



Тие беа информирани да отворат сметка во друга бакна, а рокот истече вчера.

Сите кои не отворија нова сметка, ќе треба тоа да го направат тоа до седми, 14 или 25 сптември, што значи августовската пензџија ќе ја добијат по тој рок.

Од Фондот за пензиски осигурување велат дека ќе има вонредни исплати во текот на цел септември, но апелираат граѓаните да извадат нова трансакциска што е можно побрзо.