Пензионерите се обединуваат за поправични пензии

Линеарно зголемување на пензиите за 3.000 денари побараа денеска пензионери од Тетово денес се собраа пред седиштето на Здружението на пензионерите и побараа.



Пензионерите од Тетово им се приклучија на пензионерите од Прилеп, Штип, Кочани, Кавадарци, Куманово и Велес, кои минатата недела побараа месечно линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари и најавија помасовни протести ако не им се прифати барањето.

Поддршка пристигна и од колегите од Кичево и Неготино.

Тие се револтирани од изјавата на министерската за труд и социјала, за покачувањето од 46% од 2017-та година па наваму.

Прилепските пензионери денеска повторија дека нема да отстапат со протестите се до исполнувањето на нивното барање, линеарно покачување нa пензијата од по 3.500 денари на секој пензионер за септемвриската пензија.

„Нека слушнат дека ништо нема да има од тие нивни 6%. Значи 3.500 денари подеднакво за сите пензионери на Македонија. Нема да отстапиме и не ги прифаќаме тие 6%. Затоа нека не не потценувата мора да ги добијаме тие 3.500 денари“, вели Верче Јанческа, пензионер.

По штипските и кочанските, денес на протест излегоа и пензионерите од Свети Николе. Незадоволни се од најавеното покачување од само 6% на пензиите од месец септември. Бараат линеарно покачување од минимум 3.500 денари, затоа што најпогодени ќе бидат пензионерите со минимални примања.

„Пензионер со примања од 12.000 денари, ако е 6%,  ќе има покачување од 720 денари. Тој човек ќе треба да плаќа 6 месеци за дрва по 5000 денари секој месец, а му остануваат другите пари за храна, но мора да плати и режиски трошоци. Режиските трошоци се 5.000 денари, 3.000 за струја, 2.000 за комуналнии и други трошоци, а остатокот му е за да јаде или да си купи лекови“, изјави пензионер од Свети Николе.