Пензионерите предвреме ќе добијат априлска пензија


Пензиите на над 320.000 пензионери во државата ќер бидат исплатени предвреме со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите од коронавирусот.



 Пензионерите кои користат платежна картичка , со парите можат да располагаат од петок, 24-ти април. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа.

Готовинската исплата на пензиите на шалтерите на банките ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

– за пензии до 11.000 денари, исплата во понеделник 27-ми април;

– за пензии од 11.001-14.000 денари, исплата во вторник 28-ми април;

– за пензии од 14.001-18.000 денари, исплата во среда 29-ти април и

– за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата во четврток, 30-ти април.