Пензионерите најавуваат нови масовни протести

Пензионерите не отстапуваат од нивните барања. Бараат 5000 денари линеарно покачување и одговор зошто не им се дава бараното и каде се нивните пари кои ги вложиле во државата, пренесува ТВ Алфа. Протестот овој пат од Илинденска се сели пред седиштата на странските амбасади.
-Создадено е ново Собрание на пензионерите кои протестираат, ќе одиме овој пат пред Америчка амбасада и пред ЕУ, за да видат како пензионерите на улица си ги бараат правата. Протестот веројатно ќе биде после 11 октомври , ги повикуваме сите пензионери на масовно протестирање, вели Трајче Станојков од Иницијативниот одбор.



Според методологијата за покачување пензиите пораснаа за 5,3% , наместо проектираните 6.8 % кои ги најавуваше Владата, со што пензионерите добија само 600-1000 денари плус на сметките. Овие пари велат не им стигаат ниту за основните давачки и лекови.
Од иницијативниот одбор посочуваат дека во работните групи не се дискутира за суштинските проблеми и барања кои ги имаат пензионерите. Тие потенцираат дека се економска , а не социјална категорија

„За вас важи онаа народната сит гладен не верува. Срамота! Не за пензионерите туку за власта. Не се памети во историјата на Македонија луѓето од третата доба да излезат на улица достоинствено за да им се врати гордоста. Тренчевска ние не бараме милост, туку бараме според вашите ингеренции да им овозможете на пензионерите тоа што го заслужуваат„ изјави Соња Арсовска од Иницијативниот одбор на пензионери.

Извор : https://alfa.mk/%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%bd%d1%87%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d0%b3%d0%bd%d0%b5%d0%b2%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%b5/