Најавеното зголемување од 2,9 проценти, без разлика на висината на пензиите, пшредизвика жестоки реакции.
Најниските пензии, во зависност од годината на пензионирањето, се движат од 9.986 до 12.800 денари, а нив ги земаат дури 80.809 пензионери, односно секој четврти пензионер.
„Пораст на пензиите за 300-400 денари, нема воопшто да им се подобри стандардот, дека живеат мизерно и дека е неопходно да се коригираат најниските пензии.
Партијата на пензионери во повеќе наврати потенцираше дека пензискиот стандард е многу низок и дека мора нешто да се преземе. Оттаму информираа дека се во преговори со Владата во врска со промената на формулата по која се врши усогласувањето на пензиите.
„Повеќе од година дена даваме иницијативи и предлози, да имаме законско усогласување, кое ќе биде базиранo и со порастот на просечната палта, но не повеќе од 5% и со порастот на трошоците на живот. На тој начин би се постигнал баланс на пензиите. Имавме позитивен одговор од власта, размислуваат за промена на формулата за усогласување на пензиите, но од кога – не се знае“, изјави Станка Трајкова, претседател на Здружение на пензионери.
Околу 330 илјади пензионери земаат зголемени пензии за 3% или во просек покачувањето е за 460 денари.
Најниските пензии пак, оние до 11,000 денари се зголемија за 300 денари. Во време кога животот станува се поскап, цените во маркетите, но и комуналиите се драстично зголемени, ваквото покачување за нив е незначително. За да им се помогне нив, Трајкова бара дегресивно усогласување, односно најниските пензии да се зголемат за поголем процент, а највисоките за помал.
– Тоа значи еден процент да се даде повеќе на пониските пензии, тие до 11,000 денари, за да се подигне нивото на сите пензионери, да се воведе еден баланс за да бидат сите пензионери задоволнии, додава Трајкова.
Законски, усогласувањето на пензиите се прави 2 пати годишно – во јануари и јули. Сепак новиот мандатар Ковачевски во својата програма најавува промена на моделот, односно висината на пензиите да се прилагоди со реалните потреби на пензионерите. Затоа наскоро ќе започне јавна дебата за промена на системот за усогласување на пензиите, пишува во неговата програма.






