„Владата не запоставува. Не не ни качува нашите пензии, за нивните 78% има пари. Сега најавуваат и по 400 евра дополнително да зголемат плати. Имаат провизии, апанажи, гориво без пари. А, нас пензионерите не понижуваат. До кога вака со 12 илјади денари пензија. Ни за лекови, нема за храна. Доаѓа зимата нема за греење, струја треба да плаќаме“, беше една од пораките адресирани до Владата на денешниот протест на пензионерите од Тетово кои го блокираа влезот во градот.



Тетовските пензионери протестираа јавно да ги изразат барањата за повисоки пензии.

На транспарентите кои ги ноосеа одново беа на кои беа испишани барањата за минимална пензија од 20.000 денари и линеарно зголемување од 5.000 денари.

„Треба да стане цела Македонија, и ние сме држава а не само тие што се во власта. Дали има некоја држава без народ. И ние треба да се бориме за оваа држава. Се бориме за минимална пензија, затоа ни избегаа децата надвор од државата. Дали некое дете од луѓето во власта е на работа во странство, вели пензионер од Тетово за Сител.

Пензионерите најавија дека во вторник 17 октомври повторно ќе имаат јавен протест и ќе го блокираат истото место.