Пензионери вчера на плоштадот во Свети Николе ги донесоа старите чевли со што испратија порака дека со ниските пензии не можат да си дозволат да си купат ниту еден пар нови чевли, објави „Плусинфо“.
Трајче Станојков член на Иницијативниот одбор за протест на пензионерите во Свети Николе вели дека не отстапуваат од барањето за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари.
„…се собравме да го изразиме нашето незадоволство оти веќе четири месеци сме по улиците ама сите се глуви на нашите барања. Наредниот петок на 1 декември пред Собрание ќе протестираат пензионерите од цела Македонија“ – изјави Станојков.






