Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави зголемување на пензиите.
Веројатно ќе има „најголемото зголемување на пензиите во историјата на Србија, над 55 отсто“ во октомври и јануари, со вклучување на претходните зголемувања, вели Вучиќ, пренесуваат медиуми.
„Само би ги замолил пензионерите да земат пензионерски картички, има многу попусти, тоа ќе им значи. Со сите зголемувања. Правиме многу за да им обезбедиме попусти на различни маркети“, рече претседателот.
Тој изрази и очекување дека во 2023 година просечната плата во Србија ќе биде повисока од 820 евра.






