Пентагон воспостави комуникација со руското Министерство за одбрана „со цел да спречи погрешни пресметки, воени инциденти и ескалација“, изјави претставник на американското министерство за одбрана за Асошиедет прес.
Ова сè уште не е официјално објавено, но де дознава дека контакт за воспоставена таква линијаа на „деконфликт“ е направен на 1 март.
Жешката линија ќе им овозможи на американските и руските сили да избегнат преминување на полската граница и Црното Море, на пример, додека Русија напредува во Украина.
Соединетите Американски Држави и Русија воспоставија слична линија на комуникација во сирискиот конфликт откако Русија започна воените дејствија таму.






