Рускиот претседател Владимир Путин сè уште може да избегне целосна војна, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на почетокот на разговорите во Пентагон со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, објавија медиуми.
На украинскиот шеф на дипломатијата, Кулеба, Остин му порача: „Ние ќе продолжиме тесно да соработуваме со вас“.
Кулеба од своја страна рече: „Мојата порака е едноставна: силна Украина е најдоброто одвраќање на Русија“.
Според Остин, руското признавање на двата сепаратистички региони во источна Украина како независни држави „директно го поткопува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.







