Американскиот секретар за одбрана Патрик Шанахан одобри трансфер на 1,5 милијарди долари за изградба на повеќе од 130 километри ѕид на границата со Мексико, а од нив околу 600 милиони долари се земени од сметката за авганистанските сили.
Демократите кои во март го критикуваа трансферот на милијарди долари за финансирање на ѕидот, се спротивставија во Конгресот во овој потег.
Американските сили во моментов имаат повеќе од 4.000 војници и 19 авиони за обезбедување на границата со Мексико.
Сите десет демократи кои се членови на разни поткомитети за одбрана се спротивставија на одлуката.




