Американскиот потпретседател Мајк Пенс се закани на иднината на Турција во НАТО-алијансата, поради договорот со кој Анкара набавува руски ракетен систем С-400.
„Турција мора да избере. Дали сака да остане критичен партнер во најуспешната воена алијанса во историјата или сака да ја ризикува безбедноста на тоа партнерство, правејќи такви несовесни одлуки што го поткопуваат нашиот НАТО сојуз ?, напиша на Твитер американскиот потпретседател Мајк Пенс, откако слични забелешки даде и на самитот на НАТО во Вашингтон.
Турција инсистира на купување на рускиот ракетен систем С-400, и покрај предупредувања од САД.
Дури и откако Пентагон ја прекина испораката на борбени авион Ф-35 Анкара остана на ставот дека „договорот е готова работа“’, како што изјави министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.




