Пендиков се врати да сведочи во Охрид

Нешто по 9,30 утрово, поранешниот секретар на згаснатиот бугарски клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков се појави во Охрид каде се очекува да даде изјава во врска со неговото претепување на 19 јануари, јави дописникот на БГНЕС.



Тој ги избегна новинарите, и во зградата влегол од страничен влез…

Ова е прво враќање на Пендиков во родниот град по лекувањето во Софија.

Како што јави БГНЕС, Пендиков ќе присуствува и на утрешното судење. На претходното судење еден од обвинетите, Илија Спасески изјави дека „го разбира обвинението, но не се чувствува виновен“. Исто така, беше прикажан и видео-запис од нападот врз Пендиков.

Пендиков неодамна доби бугарски документи и стана бугарски државјанин.