Пендаровски знае што го чека, посебен советник на претседателот пред избори вработен во кабинетот како административец

Претседателот Стево Пендаровски најверојатно знае што го чека ако се кандидира на претседателските избори поради што свој посебен советник пред избори е вработен во кабинетот како административец.



Ако Пендаровски мислел дека може да победи тој немаше да го вработува својот советник како административен работник во кабинетот по што ќе остане на работа и по заминувањето на претседателот од функцијата, сметаат извори во владата.

На 12 дена пред распишување на избори за Претседател, на посебниот советник за национална безбедност Блерим Кољали Пендаровски му дава решение на неопределено време со тој нема да остане без работа по Мај оваа година.

Од мај 2019, Блерим Кољали е посебен советник на Пендаровски.

Одлуката е објавена од кабинетот на претседателот.

Блерим Кољали