Македонија станува членка на НАТО и ги отвора преговорите за членство во ЕУ, но шретседателот на државата Стево Пендаровски вели дека „не може ниту да се израдува на овие две важни работи, затоа што ситуацијата со вирусот го преокупира целосно.“
Како што јави дописникот на МИА од Белград, во интервјуто за Би-би-си Пендаровки кажа дека „сите ресурси на државата, не само нашите, се преориентирани за борба против ова големо зло“.
Претседателот е задоволен од мерките што ги презеде земјата во обидот да се справи со пандемијата.
„Ние сме дел од глобалниот систем, но со овие ресурси не можеме да ги направиме мерките кои се преземени од Јужна Кореја или Германија, кои ги тестираат луѓето во голем број“, вели Пендаровски според кој сегашниот економски систем нема да може долго да издржи во сегашниот застој.
„Се надевам дека кратко ќе трае, но и ако потрае, дури и најдобрите психијатри немаат добар совет – ако седите дома два-три месеци и не работите, тоа е убиствено, како за поединци, така и за секоја држава – заклучи Стево Пендаровски какошто пренесе „Плусинфо’.
Како човек кој долго време се занимаваше со безбедносни прашања оценува дека НАТО е побитен за перцепцијата на Македонија како земја која има иднина за која не треба да се грижи.
„Стануваме дел не само на голема воена алијанса, туку и на системот за размена на информации – ќе ги добиваме истите информации како и 29 други членки на НАТО“, вели Пендаровски.
о врска со ЕУ и атмосферата со пандемијата на коронавирус, одлуката на Париз конечно беше позитивна, но претседателот на Северна Македонија смета дека сегашната криза не придонела за тоа, пишува Би-Би-Си на српски јазик.





