Среде руската воена интервенција во Украина, претседателот Стево Пендаровски изрази загриженост од наклонетоста кон Русија на речиси половина од етничките Македонци во државава.
„Неспорно е дека македонскиот народ има симпатии спрема Русија поради религијата, јазикот и словенскиот етникум. Она што ме загрижува е дека во политичка смисла етничките Македонци се вртат кон политичките ставови на Русија. Посебно загрижувачки е тоа што повеќе од 40 отсто од јавноста смета дека Евроазиската унија е алтернатива на Европската унија, а некои партии се предоминантно за таа опција, што би можело да направи проблем во идните процеси“, изјави тој во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.
Според истражувањето на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“, презентирано вчера во Скопје, 45 проценти од Македонците би поддржале Евроазиска унија предводена од Русија.






