Ова го изјави претседателот, Стево Пендаровски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој попладнево со неколку пратеници беше во Вила Водно за да бара образложение зошто Пендаровски му го дал мандатот на лидерот ан ССДМ без мнозинство.



Шшефот на државата изјави дека единствено Зоран Заев му се јавил и му кажал дека е на добар пат да обезбеди мнозинство.

„Најмногу прашања беа дали и на кој начин тој ме увери дека има мнозинство. До овој момент 61 пратеник нема ниту една партија, но Заев се јави вчера и рече дека во преговорите со партиите тој е на добар пат да обезбеди мнозинство. До денес ниту една партијата не се јави, а мене роковите ми течат. Не можам да го земам мандатот и да го чувам во фиока, должен сум да го дадам мандатот. Немам намера мандатот да го носам дома и да нема институции кои ќе се формираат“, рече Пендаровски.