Претседателот Пендаровски вели дека целиот случај со сообраќајната несреќа на Стража во која учествуваше и затворениот за „Рекет“ Зоран Милески Кичеец и во која загина едно лице е – апсурден од секој аспект.



„Јас не сум чул, не сум прочитал вест во било кој светски медиум дека се случил таков настан на кој било континент.  Дека човек кој е во затвор направил сообраќајка“, рече Пендаровски во интервју за Алсат емитувано синоќа.

Вели дека не му е јасно како Кичеец бил пуштен 30 дена од затвор поради аритмија, за која исто така вели, дека му е нејасно дали самиот Кичеец или неговата мајка ја имале таа дијагнозата.

Тој рече дека не е праведно во исто време поранешните функционери кои лежат во затвор да не можат да ги видат своите деца.