„Во Македонија не ни требаат националистичките погледи од 19 и 20 век.“ – изјави претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски во емисијата „Интервју“ во телевизијата „Шења“ на албански јазик.
ТВ Шења пишува: Претседателот Пендаровски беше запрашан за неговото соопштение по пристигнувањето на Албин Курти во Тетово и нереагирањето на изјавата на министерот за одбрана на Србија, кој во Скопје изјави дека „оваа земја е ослободена од стара Србија“.
„Имав реакција на настанот, затоа што ме прашаа новинарите. Мојот став е во принцип да не коментирам партиски настани. Овде беа две работи, кои беа несразмерни и моето реагирање беше во овој дел. Таму беше картата на Велика Албанија и вториот елемент, кој ми попречи, беше со Билал Касами, кој на снимено видео кажува: ‘Добредојдовте во главниот град на Албанците’ и каде што го најавува Албин Курти како ‘премиер на Албанците’, што е навредливо и за Еди Рама, премиерот на Албанија. Не барав затвор за таквата националистичка реторика, но реков дека не треба да ја користиме во Македонија.“ – укажа Пендаровски
Тој нагласи дека погледите од 19 и 20 век не ни се потребни во * Македонија.
Претседателот Стево Пендаровски беше прашан за кандидирањето за втор мандат. Тој рече дека за ова мора да се случат две работи. „Првата е да имам поддршка од двајца субјекти, кои ме поддржаа минатиот мандат. Исто така е важно да ја имам поддршката на оние, кои не припаѓаат на ниту една политичка партија, кои се независни и кои не излегуваат на избори. Јасно е дека без поддршка од најголемите политички субјекти не можеш сам да добиеш мандат.“ , рече Пендаровски.
На прашањето дали има разговори за поддршка, тој одговори дека до овој момент немало такви разговори и оти тоа најверојатно ќе се случи после новата година.





