„Јас сум легалист и сакам да видам што во судската пресуда е кажано. Таму се вели дека снимката која ја направил агентот провокатор е непотполна и недостасуваат важни делови, поради што и пресудата е ослободителна, одговори во денешното гостување во емисијата „Детектор“ на Сител, кандидатот за претседател Стево Пендаровски доби прашање од лидерот на ВМРО-ДПМНе што мисли за случајот „едно евро за Вицето, едно за цркавата“.
Според Пендаровски, тоа само потврдува дека во тој период имало страшни злоупотреби на власта, со тоа што и ПИМ мерки со агент провокатор потоа беа јавно објавувани, одговори Пендаровски.





