„Неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, во тој историски контекст, како што е неспорна историска вистина и факт дека се борел за македонска држава“, изјави претседателот Стево Пендаровски во вчерашното интервју за „360 степени“ на Алсат М кое ќе биде емитувано вечерва.



Претседателот стравува дека прашањето за Гоце Делчев постепено ќе станува политички проблем.

„Тврдам дека допрва ќе станува политички проблем ако пристапот од бугарска страна продолжи да биде ваков…

Престедателот сепак додава дека “не постои ниеден документ кој вели дека Гоце Делчев се борел за голема Бугарија или изјави или став дека се борел за припојување на тогашната провинција во Османлиското царство Македонија, кон Бугарија“.