„ Ги замолувам граѓаните да не спијат на едно уво слушајќи ги коментарите дека со ваков противник и со ваква погубна политика, која е по лошо позната меѓу македонските граѓани, ќе поминат лесно, туку максимално масовно да се излезе на гласање и во првиот и во вториот круг за да не се разбудиме да ни се врати Груевски и да се вратиме во времето кога не знаевме ништо друго освен за политички прогон и изолација“, порача синоќа од митингот во Струмица кандидатот за претседател, Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата.рече Пендаровски.



Тој потсети дека „ и во 2014 година бевме со број 3 на гласачкото ливче, кога бевме морални победници на изборите. Сега пак сме со бројот 3, кога ќе бидеме вистински, реални победници“.

Додавајќи дека тоа е во интерес на сите, Пендаровски додаде: ,

„После 30 години да кажат дека сме работеле за државата, а на за сопствениот паричник, рече тој.

Потенцираше дека на 21 април нема да биде завршена целата работа и ќе треба да се излезе и на 5 мај.и повика на масовна излезност.

На митингот се обрати и премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев.