„Нашатата таковина е земјоделска земја. На Европа ѝ требаат нашите земјоделски производи. Да продолжиме со напредокот, да станеме членка на Европската Унија и да ги забрзаме позитивните процеси за земјоделците.
Ни се отвроа пазар од 500 милиони жители во Европа. Затоа мора да продолжиме напред заедно и да не дозволиме никој да нè врати назад“, порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на средби со граѓаните на Росоман.
Пендаровски рече дека неговата визија како претседател на сите граѓани е државата да продолжи да оди напред, по патот на напредокот и интеграциите во НАТО и ЕУ.
За денеска Стево Пендаровски имаше планирани средби со граѓани на Градско, Демир Капија, Неготино и Кавадарци. Централниот настан е најавен во Кавадарци каде во Домот на култура „Иван Мазов Климе“, ќе се одржи трибина и ќе има обраќања на кандидатот Пендаровски и претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.




