„Помина времето кога некој беше газда а друг кираџија, затоа ние сакаме да одиме напрад, а тоа значи и запирање на масовната миграција која е присутна и во овој регион“ , изјави денеска на средба со граѓани на Дебар, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
Според него, актуелната Влада ги направи сите потребни активности со цел да ги реши проблемите со соседите и сега набрзо ќе биде членка на НАТО, а прави се да ги започне и преговорите со ЕУ.
Пендаровски одново истакна дека на 21 април и 5 мај треба да се излезе масовно да се излезе на претседателските и да се гласа гласа бидејки овие избори се историски за државата.





