Пендаровски: Во ЕЕЗ, но само ако е меѓузона кон ЕУ

Идејата за членство во Европската економска зона која овозможува слободен европски пазар, размена на работна сила и слободен транспорт на стоки, услуги и капитал, според шефот на државата Стево Пендаровски, е прифатлива само доколку биде дополнение и меѓузона кон нашето полноправно членство во Европската Унија.



Претседателот Пендаровски во интервјуто за МИА посочува дека дека Европската економска зона нуди економски можности и не отвора кон заедничкиот европски пазар, но нам не ни треба само економија и профит, туку демократија и политичко искуство.

Шефот на државата минатиот месец на онлајн конференција за Западен Балкан организирана од „Пријателите на Европа“ рече дека на земјава ѝ било понудено членство во Европската економска заедница, која била одбиена затоа што, како што додаде, нема друга алтернатива од полноправно членство во ЕУ.

Идејата на земјите од Западен Балкан да им се понуди алтернатива – членство во Европската економска зона, според германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ), однови излегува на површина.