„Северна Македонија“ му постои само седум месеци, а нејзиниот прв претседател Стево Пендаровски констатира длабоко традиционално пријателство со Кина?!



„Традиционалното пријателство меѓу Северна Македонија и Кина е длабоко. Добредојде амбасадоре Џанг Ѕуо. Јакнење и унапредување на искреното партнерство со Кина е наша трајна определба, особено во рамките на ‘Процесот за соработка 17+1’“, напиша на Твитер Пендаровски, кој се претставува како петти претседател на „Република Северна Македонија“.

Членката на Совет за безбедност на Обединети нации, Кина, меѓу првите ја призна Република Македонија, а „Северна“ е официјализирана на 12 февруари годинава.