Пендаровски вџашен од Пимен, не очекувал таков напад од владика на МПЦ

Ај да го разберам светот како поле за културен натпревар, ама како да го разберам претседателот шо ќе оди на Мечкин камен на кафе наместо на чествување на непокорот? За мир во куќа, немир во душата на секој Македонец не е опција, напиша Владиката Пимен на Фејсбук со што испровоцира одговор од Пендаровски.



За Инфомакс од кабинетот од претседателот потенцираат дека дека Пимен очигледно не е информиран што навистина ќе се случува во Крушево, а претседателот е запрепастен од ставовите на владиката Пимен.

-Бидејки од вашиот пост е очигледно дека не сте информирани што навистина ке се случува во Крушево на Илинден, председателот Пендаровски ви ја испрака интегралната програма со активности за да се уверите дека тој во Крушево нема да оди на кафе- пиење, туку преку серија настани ке изрази почит за хероите и нивното дело. Председателот Пендаровски никогаш не би си дозволил прославата на најсветиот празник за македонскиот народ и граѓани да ја исмева преку недолични споредби со кафе- пиење. Запрепастува тоа што вакви ставови доагаат од еден висок великодостојник на МПЦ- ОА, велат од кабинетот на претседателот за Инфомакс.

Повеќе на овој ЛИНК