Македонија уште на 5 ноември минатата година била информирана за инвазијата на Русија врз Украина, откри претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител.
„Ќе ви дадам еден податок кој не е познат во јавноста за да сфатиме колку е битно што влеговме во НАТО. Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија на Украина на цела територија, ние како што сме овластени преку НАТО механизмите ги добивме на 5 ноември минатата година.
Она што е запрепастувачки е тоа што беше предвидено во однос на времето на напад промашувањето беше само за 3 дена, пред четири месеци прогнозата а во однос на обемот на операцијата дека ќе се напаѓа баш од овие три-четири магистрални правци немаше никакво промашување. Тоа е огромен бенефит пред време да знаете да се позиционирате“, рече претседателот Пендаровски.






